За подобар сексуален живот исфрлете го телевизорот од спалната соба

Доколку го исфлите телевизорот од вашата спална соба, според неодамнешното италијанско истражување, вашиот сексуален живот ќе се подобри за неверојатни 50%.

Италијанските истражувачи откриле дека брачните парови кои што имаат телевизор во спалната соба, во просек водат љубов само четири пати во месецот во својата спална соба, а оние кои што немаат телевизор тоа го прават во просек по осум пати месечно.

Причината за тоа е опсесивното следење на телевизиските серии и емитување на програма која што ја убива желбата за секс.

Според истражувањето, филмовите кои што во својата содржина содржат насилни сцени ја редуцираат сексуалната желба кај 40% од двојките, а реалните шоуа кај 25% од двојките.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk