За жените кои имаат „машки“ мозок

Доктор Дридакис во рамките на Универзитетот Кембриџ спровел истражување со кое докажал дека мозокот на жената е програмиран да се фокусира на емпатијата, што и помага полесно да сфати како се чувствуваат луѓето и да се однесњува во согласност со тоа сознание. Од друга страна пак, мажите се подобри во систематизација, односно тие подорбо ги разбираат обрасците и механичките концепции.
Сепак сите мажи немаат “машки” мозок, ниту пак сите жени имаат “женски” мозок.

Според истражувањето на доктор Дридакис, оние луѓе кои што имаат машки мозок сакаат да состават прецизна листа на обврски кои што треба да бидат завршени, искрено одговараат на прашања кои што се поврзани со физичкиот изглед, не сакаат да читаат книги или да гледаат филмови од жарнот на научна фантастика, приметуваат граматички грешки и со леснотија ги читаат мапите.

Оние луѓе кои што имаат женски мозок лесно започнуваат разговор со луѓето што неодамна ги запознале, можат да препознаат кога се непожелни во друштвото, во основа не ги интересира техника и механика, се фокусираат претежно на уметничкиот аспект од животот, ги интересираат историските случувања, лесно помнат дати и сл.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk