Забавно и насмеано, наградените дечиња со импресии од „Делфино“

Објавено на: Jun 02, 2015 од Мама Кате

Многу забава, топло сонце и мирно море. Првата група на викендаши кои бесплатно летуваа во хотел „Делфино“ се вратија со импресии. Мирното место-рај за детската игра. Вистинска релаксација за целото семејство. 

И додека редакцијата на Мама365 ги подготвува фотографиите кои беа направени изминатиот викенд со наградените дечиња, во инбокс ни стигна фотографија од еден од добитниците-Благој Атанасоски. Сите дечиња кои присуствуваа во момент од нивната игра позираат за нашата интернет страница. Иако фотографијата е аматерска, сепак сакавме да ја споделиме со вас.

Ние сме среќни што мисијата е успешна, среќните детски лица се повеќе од доказ дека во „Делфино“ им било убаво. Следната група на добитници ќе летува во јуни!


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…