Зајакнете го имунитетот преку правилна исхрана

За да го зајакнете имуниетот треба да му овозможите на вашиот организам редовен внес на хранливи материи, витамини, минерали, растителни влакна, аминокиселини и актиоксиданси кои делуваат во насока на подобрување на општата состојба на телото.

Во групата на намирници кои се исклучително богати со антиоксиданси на прво место е лососот. Но доколку финансиски не сте во можност често да уживате во неговиот вкус заменете го со други видови на риба кои исто така се богати со масни киселини.

Млекото поради често високата содржина на казеин пожелно е да се избегнува а од млечните производи можете да јадете сирење и јогурт со ниски количини на масти.

Класичното рафинирано сончогледово масло заменете го со маслиново, и избегнувајте го внесувањето на заситени масти.

Консумирањето на намирници богати со прости јаглени хидрат сведете го на минимум.

Исто така важен е адекватниот внес на течности во организмот. За да го одржите вашето тело хидрирано во текот на денот би требало да испиете осум до десет чаши вода. Дозволено е и една шолја зелен или црн чај. Исфрлете ги од исхраната и газираните сокови, како и слатките, бидејќи содржат голем број адитиви и јаглехидрати.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk