Замрзнување на мајчиното млеко

Замрзнатото мајчино млеко можете да го чувате релативно долг период, од четири до шест месеци. Затоа е пожелно на секој сад со мајчино млеко да ја запишете датата на замрзнувањето.

За да поедноставите процесот на одмрзнување и да бидете поефикасни замрзнувајте мајчино млеко во онаа количина која сметате дека е потребна за еден оброк на вашето малечко. најчесто се препорачува тоа да биде по 50-100 милилитри во еден сад.

Откако ќе се измолзете, количината на собраното млеко веднаш префрлете ја во чист стаклен или пластичен сад но внимавајте да оставите малку место во садот затоа што млекото го зголемува својот волумен кога се замрзнува.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk