Заштитете се од синдромот на високи потпетици

При одот, стапалото се потпира на три точки: пета, палец и мал прст каде што се наоѓаат лигаменти кои го одржуваат нормалниот облик на човековото стапало.

Во текот на долготрајното стоење во чевли со високи потпетици, еден од лигаментите најмногу страда. Тоа е оној лигамент кој што го сврзува напречно малиот прст со палецот. Тој лигамент се нарекува трансверзален свод и со текот на времето можно е да попушти и да се олабави под влијанието на тежината. Тоа може да доведе до промена на морфологијата на стапалото најчесто на палецот. Таквата деформација се нарекува hallux valgus- односно синдром на високи потпетици.

Овој синдром е почесто застапен кај жените поради почестото носење на чевли со високи потпетици. Лекарите препорачуваат носење на потпетици кои што не се повисоки од пет сантиметри за да не дојде до појава на овој синдром.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk