Здравата вагина нема интензивен и непријатен мирис

Ако сте во топ форма и „пукате“ од здравје вашата вагина не би требало да има некој специфичен мирис.

Секој силен мирис кој отстапува од нормалата е знак дека треба да посетите лекар.

Не секогаш станува збор за некое заболување. Имено и дехидрираноста може да допринесе за појава на специфичен вагинален мирис.

Но сепак, најчесто причината за промената на интензитетот на мирисот лежи во постоењето на одредена вагинална инфекција или претераниот внес на витамински додатоци во исхраната.

При тоа многу често пх вредноста на вагината опаѓа поради присуство на одредени лоши бактерии.

Имено, жените најчесто забележуваат промена во вагиналниот мирис дефинирајќи го како мирис на риба.

Во тој случај најчесто станува збор за постоење на бактериска вагиноза, која според Светската здравствена организација е најчеста вагинална инфекција кај жените од 15 до 45 години.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk