Жени, шетајте без градници

Според статистиката, просечната жена поседува околу девет различни градници. Иако е многу корисен и служи градите да бидат поубаво дефинирани и нагласени, понекогаш едвај чекаме да дојдеме дома у да се ослободиме од него.

Токму поради тие причини, група жени одлучила да одеблежи еден ден во годината во кој женските гради нема да бидат скротени затоа што, како тврдат организаторките, женските гради се природно убави и не треба да се сокриваат во градникот.

На Светскиот ден без градници поддршка му дадоа многу познати ѕвезди. Сепак, се чини дека нив денот без градник им е речиси секојдневие, па многу веќе не се срамат да ги покажат градите или големите деколтеа.

И иако можеби ќе помислите дека мажите во овие 24 часа ќе уживаат во убавиот поглед, сепак ова навистина е женски ден. Всушност, неколку жени се досетиле да го одбележат овој ден во годината каде што женските гради нема да бидат заробени. Како што тврдат организаторките, женските гради се природно убави и не треба да се кријат во градници.

Но не само тоа, на овој начин се искажува поддршка на жените што се заболени од рак на градите, во суштина цел месец октомври е месец на борба против ракот на градите.

Секако, Твитер е преплавен со постови под „#NoBraDay“ (ден без градник), каде што може да се види буквално сè од секс-фотографии со пораки за поддршка и палави коментари.

ХИГИЕНА НА ГРАДНИКОТ

Дамите често имаат навика да заносат еден градник и подолго време да не го исперат, а тоа предизвикува напластување на бактерии што не е пријатно за нежната кожа во пределот на градите. Препорачливо е градникот да се мие по секоја трета употреба. Се мие на рaкa за да не се оштети формата и еластичноста на градникот.

Некои жени од којзнае кои причини сметаат дека е корисно да се спие со градник што е многу погрешно. Пекторалните мускули се постојано затегнати, а тоа ја прекинува циркулацијата на крвта во рацете и го оштетува нежното ткиво во градите, а прерамките можат да ја засечат кожата додека спиете.

ДАЛИ ИМАМЕ ПОТРЕБА ОД ГРАДНИЦИ

Судејќи според резултатите од 15-годишната студија во Франција, женските градници се потполно бескорисни и можат дури и да бидат штетни за градите.

Спроведувајќи ја студијата во универзитетската болница, професор Жен – Денис Роуилон ги мерел и прегледал градите на повеќе од 300 жени, на возраст помеѓу 18 и 35 години.

Тој открил дека кај жените кои не носеле градник се формирало повеќе мускулно ткиво за да се овозможи природна поддршка, а брадавиците стоеле подобро во однос на рамената.

-Кога се носи градник, неговиот ограничувачки материјал спречува ткивото да се развива, поради што, всушност, можеме да го забрзаме опуштањето –е заклучокот на студијата.
Роуилон предупредува дека неговите откритија не се однесуваат за жените кои носат градник веќе долго време, неколку децении, и дека кај нив ослободувањето од градникот не донесува подобрување во мускулното ткиво.

ДАЛИ ГРАДНИЦИТЕ ПРЕДИЗВИКУВААТ РАК НА ДОЈКА

Ракот на дојка е болест која што е позната уште од античките времиња, многу векови пред да се измислат модерните уреди како што е рентгенот. Од друга страна, градникот е модерен пронајдок, стар малку повеќе од 100 години. Официјално, држачот за гради или градникот е патентиран во 1893-та година, додека модерниот градник кој што сите го знаеме е креиран во 1913-та година. Вреди да се спомне дека градникот е еден од најчесто носените парчиња гардероба.

Гласините дека градникот може да предизвика рак на дојка одат отприлика вака: Носењето на градник 12 или повеќе часови го запира лимфниот систем на градите и со тоа се дозволува лачење и натрупување на штетни супстанци во градите, што на крајот доведува до појава на рак.
Дозволете да потсетиме сепак дека ракот во реалноста е предизвикан од канцерогени клетки. Сепак, точно е дека градниците кои што се премали или изработени од вештачки материјали ја иритираат кожата и можат да предизвикаат гребаници и воспаленија.

Големите гради можат да предизвикаат болки во грбот или вратот, па поради тоа е неопходно да се носи квалитетен градник кој што обезбедува доволна поддршка на градите. Градниците се исто така задолжителни во спортот бидејќи спречуваат неконтролирано движење на градите.

Според научниците, градниците не предизвикуваат рак на дојка

Американското здружение за рак тврди дека градниците не допринесуваат кон развојот на рак на дојка.

Но, статистиките покажуваат дека ракот на дојка е застапен во помал процент кај оние жени кои што не носат градник. Тоа не е условено само со носењето или неносењето на градникот, туку и со физичката структура на жените кои што не носат градник. Тие жени обично се слаби и имаат мали гради.

Од друга страна пак, жените кои што имаат релативно големи или нормални гради како и оние што имаат зголемена телесна тежина мораат да носат градник за дополнителна поддршка. И поголемата количина на градно ткиво и зголемената телесна тежина се можни фактори за почесто развивање на рак на дојка.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk