Зимски намирници за убав тен

Нутриционистите се едногласни по тоа дека ако сакате да имате убав тен, чиста кожа и здрава коса и нокти треба да јадете свежи и здрави хранливи намирници.
Во тој контекст, освен што ќе си овозможите убав и изедначен тен ќе се вооружите со добро расположение доколку во зимниот период почесто јадете цвекло, крушки, тиква и прокељ.

Цвеклото е најидеалната зимска намирница која што содржи висок процент на влакна, витамин Ц, магнезиум и железо. Овие состојки го стимулираат метаболизмот и ги елиминираат токсините од лимфниот систем што придонесува вашата кожа да сјае.

Прокељот е богат со витамин Е, антиоксиданси и железо. Содржи протеини кои го зајакнуваат имуниот систем и фолна киселина која што го подобрува квалитетот на влакното на косата.
Зимските круши го стимулираат чистењето на организмот. Исклучително се богати со влакна што придонесува да делуваат во одржувањето на адекватното ниво на шеќер во крвта а со самото тоа да ја намалат желбата за благо и храна што ќе се одрази позитивно на вашата линија.

Тиквата е богата со бета каротен кој благотворно делува на кожата подобрувајќи ја нејзината текстура и го забрзува заздравувањето на кожата кога станува збор за оштетувања предизвикани од надворешен фактор. Поради тоа што содржи високо ниво на калциум, туквата го одржува високо нивото на колаген и ја спречува појавата на акни.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk