Житни брашна во исхраната на детето

Житарките се корисни и потребни во исхраната на бебињата пред се поради нивната хранлива вредност, а уште повеќе поради големата количина на витамин Б и железо во нивниот состав.

Белото пченично брашно од групата на житни брашна е најоскудно со хранливи материи, особено со витамините од групата Б.

Во групата на исклучително хранливи брашна се сместуваат овесното брашно, пченкарното и јачменовото.

Со воведување на производи направени од житни брашна треба да се почека барем додека бебето не наполни седум месеци.

Корисноста од воведувањето на житни брашна во исхраната се согледува и во фактот што брашната го олеснуваат процесот на варење и обработка на кравјото млеко во бебешкиот организам.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk