Зошто бебето преферира само една дојка

Наједноставниот одговор зошто бебето може да ја одбие едната дојка, односно многу помалку да цица од неа е бидејќи ништо во природата не е апсолутно симетрично, па така ни мајчините дојки.
Понекогаш станува збор за разлики во надворешниот изглед на дојката, обликот на брадавицата и сл. а понекогаш во прашање се внатрешни разлики во самата анатомија на дојката.

Во праксата, постојат неколку значајни причини зошто бебето преферира само една дојка:

– постои разлика во внатрешната градба на дојката ( различна е самата големина на дојката)

– постои разлика во формата на брадавицата која не му одговара на бебето, односно му претставува поголема тешкотија да повлече од мајчиното млеко преку таа брадавица

– на бебето не му одговара положбата и тешко може да се намести за адекватно да ја опфати брадавицата

– забележано е дека поголемиот дел од мајките несвесно ги поставуваат своите деца на левата дојка преферирајќи положба која им одговара што придонесува со тек на времето и бебето да ја преферира таа дојка за сметка на десната

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk