Зошто бебињата не треба да внесуваат сол?

Објавено на: May 26, 2015 од Мама Силвана
shutterstock_44964787

Солта ги оптоварува бубрезите. Тие се уште не се доволно развиени, за да ја преработат солта како на возрасен човек.

Кога бебето ќе се роди, не се сите органи потполно зрели и способни да ја извршуваат својата функција. Како што детето расте, така органите созреваат. Бубрезите се еден од тие органи. Во првите месеци од животот, бебињата не се способни да го елиминираат вишокот од натриум и хлорид од организмот.

Потребата за солена храна е карактеристична за возрасен човек, и таа не е вродена. Доколку се посолуваат првите јадења кои им се даваат на бебињата, тоа ќе се навикне и ќе развива вкус за солена храна.

Кога родителот при подготовка на храната ќе го проба вкусот, веројатно ќе заклучи дека е безвкусна. Но, не треба да се грижи дали ќе влијае на апетитот или здравјето на детето. Количината на натриумот кој се наѓа во оброкот за бебиња, ќе ги задоволи потребите во првата година од животот.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…