Зошто е добро да патувате со вашите деца

Објавено на: Aug 01, 2016 од Мама Ане

Секое патување е можност повеќе децата да научат колку всушност е голем светот. А тој голем свет е полн со различности, новини и случувања, толку голем што детето сфаќа дека е само мала риба во пространото море. Мала риба која треба да си го најде своето место.

Денешните деца поминуваат повеќе време пред компјутерите, со мобилните или таблетите во раце. Патувањата можат да ја раскинат таа врска или барем да го намалат нејзиниот интензитет и да дадат совршена можност членовите на семејството да уживаат во дружењето, а на родителите вистинска можност да се поврзат уште повеќе со своите деца.

Патувањата овозможуваат повеќе време во кое можеме да размислуваме за самите себе и нашето семејство. Тогаш сме далеку од секојдневниот хаос и дневниот семеен распоред. Она што го добиваме и ние, а нешто во кое што најмногу уживаат децата е спонтаноста.

На крајот, не заборавајте дека она што треба да им го овозможите на децата за време на патувањето е побавното темпо на доживување на незаборавни авантури, бавно затоа што е потребно време децата да ги забележат сите детали кои имаат способност да ги забележат. Можеби тоа ќе биде уште една мала коцка од мозаикот на спомените кои се создаваат со секое патување на која децата со задоволство ќе се сеќаваат.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…