Зошто е важна работната терапија за децата со аутизам

Еден од начините да се влијае врз подобрувањето на општата состојба на децата со аутизам е континурианото посетување на терапија со работни активности.

Децата кои освен аутизмот се засегнати и од други нарушувања кои предизвикуваат попреченост во нормалниот развој препорачливо е во одредена фаза од развојот да поминуваат време со работен терапевт.

 Терапијата со работни активности може да обезбеди интервенции кои можат да им помогнат на децата да развијат соодветни општествени како и способности за учење и играње.

Улогата на терапевтот е да му помогне на детето постигнување на повисоко и задоволително ниво на извршување на секојдневните задачи како што е облекувањето, самостојното хранење, играњето со другите деца и учеството во социјални активности.

Во тој контекст, при посетувањето на терапијата со работни активности особено внимание се посветува на можноста детето соодветно да реагира на сите надворешни информации кои до него пристигнуваат со помош на сетилата. Исто така интензивно се работи и врз подобрување на комуникацијата со другите луѓе од неговата околина како и врз подобрување на самиот начин на однесување.

 

 

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk