Зошто е важно да внимаваме на нивото на маснотии во крвта

Објавено на: Aug 24, 2016 од Мама Ане

Зголеменото ниво на маснотии во крвта не е сакана појава и без разлика на тоа кои  се причините што довеле до нејзиното присуство секогаш е вредна за внимание.

Зголемувањето на маснотиите во крвта може да биде предизвикано од пореметување на метаболизмот, пореметување во исхраната, генетски односно наследни фактори и сл.

Холестеролот и триглицеридите се маснотии кои се потребни за нормално функционирање на организмот, меѓутоа доколку ги има во поголема количина во крвта тоа може да доведе до наталожување на наслаги во артериите и на крајот до зачепување и блокада на протокот на крв.

Зголемените маснотии во крвта предизвикуваат артериосклероза.

Оваа болест на крвните садови ја зголемува шансата за инфаркт на срцето, ризикот за срцеви заболувања, ризик за мозочен удар и ја оштетува циркулацијата во екстремитетите.

 


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…