Зошто калинката е овошје кое им се препорачува на трудниците

Објавено на: Sep 24, 2016 од Мама Ане

Сокот од калинка е одличен начин трудницата да ужива и во неговиот вкус и да добие витамини и минерали неопходни за здрава бременост.Калинката е добар извор на влакна кои го одржуваат  здраво срцето  на трудницата кое напорно работи, ја спречуваат појавата на хемороиди и затвор.

Според нутриционистите, еден плод од калинка може да обезбеди дури 40% од препорачаната доза на витамин Ц за трудницата, кој е важен за здрав развој на коските и забите на бебето.

Со помош на неверојатните антиоксидативни својства, калинката може да го намали високиот крвен притисок кај трудниците на сосема природен начин.

Калинката е безбедна за конзумација во текот на бременоста, но не и екстрактот од калинка. Затоа кога избирате сок од калинка, доколку не го подготвувате сами, внимавајте тој да е направен  сто проценти од плодот и да не содржи шеќери.

 

 


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…