Зошто не се препорачува спиењето на грб во текот на бременоста

Спиењето на грб се покажало како многу неповолно за бебето па затоа докторите препорачуваат да се избегнува таа позиција за време на спиењето. Се смета дека трудниците кои што спијат на грб имаат пет пати поголем ризик да родат дете со помала родилна тежина.

Според истражувањето спроведено од страна на докторката Луси Брајан во рамките на Универзитетот во Мичиген, спиењето на грб кај трудниците доведува до притисок и компресија на матката на големата стомачна вена што може да го оневозможи враќањето на крвта во срцето и белите дробови.

За да се намали негативното влијание што може да го има позицијата во која што спие трудницата докторите им препорачуваат на идните мајки да спијат свртени на страна, особено свртени на левата страна.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk