Зошто сексот не прави среќни

Проектот “Mapiness” , идеа на англиските научници во кој учествувале преку 45000 испитаници корисници на Smartphone. Тие имале за задача 5 пати во денот со помош посебна апликација да ги бележат своите активности, локацијата и колку тоа ги усреќило.

Се покажало дека најголем број на учесници односно 56 проценти биле најсреќни во моментите кога воделе љубов. Вежбањето и спортските активности ги направило среќни 6,5 проценти од испитаниците, одењето на забава 12 проценти и така натака.

Според резултатите и прашалниците кои требало да ги пополнат учесниците, научниците издвоиле неколку причини зошто сме најсреќни кога водиме љубов но и потоа…

Еве неколку од нив…

Редовниот секс го зголемува квалитетот на спермата а со самото тоа ја подобрува плодноста кај мажите.

Редовното практицирење секс не само што ги зближува партнерите туку истовремено ги прави и психички здрави и спремни за сите животни предизвици.

Сексот го продолжува животот – го подигнува нивото на хормоните кои го задржуваат младоликиот изглед, го забрзува метаболизмот, го зајакнува работењето на мозокот, го подобрува здравјето и го зајакнува имунитетот.

Оргазмот помага во борбата против различни видови инфекции.

Сексот ја зголемува концентрацијата и на тој начин денот е поубав и посреќен !!!

Сексот зрачи со среќа… среќните луѓе се здрави луѓе !!!

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk