Зошто услугите на македонските стоматолози се поевтини од оние на нивните колеги во странство

За пломбиран заб во Македонија ќе ви биде наплатено од 500-3000 денари. Цената на услугата зависи од сложеноста на процесот. За истата услуга во соседството и во странство можете да платите и до 12000 денари. Слична е разликата и за покомплицираните зафати, како на пример ставање импланти. Пациентите во прв момент сомнежот го фрлаат во квалитетот на услугата, но ваквата можност се отфрла со самото сознание дека многу странци доаѓаат специјално за да ги направат забите во земјава.

ШТО ЈА ДИРИГИРА РАЗЛИКАТА ВО ЦЕНАТА НА СТОМАТОЛОШКИТЕ УСЛУГИ

Македонските, а и стоматолозите од странство се сложни-нема разлика во квалитетот на материјалите кои се користат, ниту пак, во услугата која ја даваат медицинските лица. Разликата ја прави единствено евтината работна рака и сумата која се плаќа овде и во странство како закуп за објектите во кои работат стоматолозите. Цените на материјалите се исти, но цената на трудот ја „билда“ или го „издишува“ крајниот износ.

СЛИЧНИ ПРИМЕРИ И ВО ДРУГИ ДРЖАВИ

Хрватите кои доаѓаат во Србија да ставаат импланти се задоволни и не престануваат со пофалба особено за стоматолозите во Нови Сад.
Босна и Херцеговина го прошири и капацитетот за ноќевање во Сараево, откако порасна побарувачката на стоматолошките услуги од странци кои имаат потреба и по неколку дена да престојуваат во земјата за да го завршат процесот.
Пациентите велат дека во Хрватска само за горната вилица им било побарано 4500 евра. Еден стоматолошки хирург во Босна вели дека половина од предложените работи во Хрватска, воопшто не биле потребни. На крајот, вкупниот износ во БиХ бил 900 евра за 12 заби.
И босанските стоматолози велат дека цената на трудот и закупот на простор им ја диктираат цената која треба да се наплати на крај.

ИСКУСТВО ОД МАКЕДОНСКИ СТУДЕНТИ ОД СТРАНСТВО

Кристијан летово претстојувал на студентска работа во Германија. За време на претстојот добил силна забоболка и завршил на забар. Му ставиле лек и му рекле да дојде за неколку дена за да го пломбираат проблематичниот заб. Крајната сума која студентот ја платил била 200 евра. Во деталната сметка стои дека студентот плаќа за материјал за работа, работна рака, простор, но и дополнително му се наплаќа заради тоа што користел услуга за време на викенд.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk