Зошто за мама и тато е важна третата недела од бременоста

Објавено на: Dec 22, 2016 од Мама Ане

Третата недела од ембрионалниот развој всушност е петтата недела од аменореата, односно петтата недела од денот на последната менструација. 

Без сомнеж, секоја недела од бременоста е важна самата по себе, но слободно може да се каже дека третата недела од ембрионалниот развиток е значајна за мама и тато, затоа што тогаш најрано може со помош на ултразвучен апарат да се види плодот, кој тогаш всушност изгледа како гестациски меур во матката.

На тој начин, со постоењето на тој гестациски меур се потврдува бременоста од страна на лекарот и се одредува правилната сместеност на плодот во матката.

Исто така, во оваа недела веќе се забележуваат одредени сложени диференцијали на клетките и по некоја примитивна ембрионална структура од која подоцна ќе се формираат ткивата и органите на бебето.

 

 


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…