Еден од најосвежителните коктели кои сигурни сме дека ќе бидат дел од вашиот избор ова лето е познатиот коктел „Cuba Libre“.
Ако неговиот специфичен вкус ве примамува почесто да го консумирате, тогаш ви препорачуваме да го подготвите и во домашни услови. Ќе се изненадите, но неговата подготовка е исклучително лесна и брза.
За подготовка на овој коктел потребни ви се следниве производи:
– 100 милилтри Кока Кола
– 50 милилитри бел рум
– 1 зелен лимон
– мраз
Начин на подготовка:
Едноставно, во висока чаша ставете неколку коцки мраз. Потоа додајте го румот и Кока колата. На крај додадете и сок од половина лимон. Останатата половина употребете ја за декорација.
На здравје!