Постојат два навистина ефикасни начини како да го решите проблемот со мувлата во вашиот дом користејќи природни состојки.
Еден од најефикасните борци против мувлата е маслото од чајно дрво, едно од најмоќните етерични масла што ни ги дала природата.
Ова масло има интензивен мирис што можеби нема да ви се допадне, но позитивната околност е што потребна ви е мала количина за да делувате против мувлата, а мирисот брзо исчезнува.
Се што треба да направите е да растворите две супени лажици масло од чајно дрво во 400 милилитри вода. Течноста преточете ја во шише со распрскувач и прскајте директно врз површините зафатени од мувла, без разлика дали тоа се ѕидовите или туш кабината.
Вториот добар сојузник во борба против мувлата е екстрактот од семки од грејпфрут. Ова може и да не е најефтината опција, но станува збор за бесмилосна супстанција која ја уништува мувлата за час.
Постапката е слична. Растворете 20 капки од екстрактот во 300 милилитри вода, а потоа со течноста испрскајте ги површините зафатени од мувла.