Подготовката е брза и едноставна, што ја прави крем салатата од макарони одличен избор за ненајавени гости.
За нејзината подготовка потребни ви се следниве производи:
» 500г. макарони
» 3 црвени печени пиперки
» 100г. маслинки без семка
» 5-6 кисели краставички
» 100г. мајонез
» 1 супена лажица вински оцет
» 2 кафени лажички шеќер
» сол
» црн пипер
Начин на подготовка:
Сварете ги макароните на вообичаениот начин.
Сварените макарони ставете ги настрана да се исцедат од водата и да се оладат, а вие, во меѓувреме преминете кон сецкање на останатите состојки – маслинките, краставичките и печените пиперки.
Во подлабок сад промешајте ги прво сецканите состојки со шеќерот, мајонезот и оцетот. Зачинете со сол и црн пипер.
На крај додадете ги сварените макарони и уште еднаш добро промешајте.
Вака подготвената салата декорирајте ја според ваша желба.
На здравје.