Љубителите на пилешкото месо ќе уживаат во вкусот на уште една несекојдневна варијанта на незаменливата пилешка крем салата.
За подготовка на ова вкусно предјадење потребни ви се следниве состојки:
– 300 грама пилешки стек
– 100 грама зрна конзервирана пченка
– 50 грама печен сусам
– 2 поголеми корнишони
– 200 милилитри кисела павлака
– три лажици мајонез
Начин на подготовка:
Пилешкото месо сварете го и ситно исецкајте го. Конзервираната пченка додадете ја во садот со сецканото пилешко, а потоа додајте ги и ситно исецканите корнишони. На крај додадете го сусамот и добро промешајте ги состојките.
Киселата павлака промешајте ја со мајонезот и смесата соединете ја со останатите состојки. Уште еднаш добро промешајте. Оладете пред сервирање.
По желба, поросете врз подготвената и сервирана салата една супена лажица дробени кикирики.
На здравје.