За само десетина минути подгответе здрав, свеж витамински оброк во кој ќе ужива целото семејство.
Потребни состојки:
1 домат
1 лажичка маслиново масло
1 кафена лажичка сок од лимон
4 лажици топен кашкавал
200 гр. цвет од брокула
2 чаши вода
малку сушен магдонос
Подготовката е брза и многу едноставна.
Во сад на оган зовријте вода со малку сол. Сварете ја брокулата и добро исцедете.
Исцедените цветови брокула префрлете ги во поголем сад, а потоа промешајте со останатите состојки – претходно измиен и ситно исецкан домат, топен кашкавал, лимонов сок, маслиново масло и магдонос.
Доколку сте љубител на семиња, ви препорачуваме да додадете и една лажичка лупен сончоглед.
Декорирајте по желба.
На здравје